skip to Main Content

Безбедносни мерки пред посетата на Папата – каде сѐ ќе биде дозволено движењето

Безбедносни мерки пред посетата на Папата – каде сѐ ќе биде дозволено движењето
  • 06.05.2019

Во пресрет на посетата на Папата Франциск, во централното подрачје мал ринг граѓаните ќе можат да се движат слободнo со лична карта за идентификација. Во подрачјето голем ринг ќе има 8 влеза низ кои ќе може да се влегува. Сите граѓани кои живеат во Центар денес мора да ги преместат своите автомобили.

Исто така согласно стандардите за посета на Папата не може да се излегува на балкон, сите прозорци треба да бидат затемнети. МВР апелира сите оние кои ќе одат на аеродром да тргнат еден час порано, а граѓаните од внатрешноста кон Скопје да користат железнички сообраќај што утре ќе биде бесплатен.

Во строгиот центар граѓаните ќе можат пеш непречено да се движат од 6 до 19 часот. Властите апелираат да се користи градскиот превоз и велосипед. Клинички ќе работи по посебни меѓународни стандарди. Ќе работат и 8 септември и Специјалната болница по Хируршки Болести „Св.Наум Охридски-Скопје, дополнителни информации на „Мој термин“.

Back To Top