skip to Main Content

Бегството на Груевски стаса и во The Guardian: „Унгарија му помогна да избегне затвор“

Бегството на Груевски стаса и во The Guardian: „Унгарија му помогна да избегне затвор“
  • 17.11.2018

Мистеријата околу тоа како поранешнипт премиер на Македонија, Никола Груевски ја напуштил својата земја дена пред да влезе во затвор со пресуда за корупција, се продлабочува, пишува британскиот весник The Guardian.

Ова се случува по серија обвинувања дека Унгарија стои зад неговото бегство.

Весникот им објаснува на читателите дека официјалните власти во Скопје требало да го слушнат и соопштението од Тирана во доцните часови на четврток, дека тој имал помош од унгарски дипломати. Кога откриле на кого точно и припаѓа колата, се покажало дека тоа е број на дипломатската мисија на Будимпешта во Тирана, а со неа тој бил преведен во северната граница во Црна Гора.

Часови само пред тоа шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, потврди дека избеганиот лидер побарал азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, но категорично негираше дека Будимпешта  има учество во овие настани. Неговото барање за азил веќе се разгледува.

Социјалдемократската влада во поранешната југословенска република повика на екстрадиција. Истрагата, исто така, почна да истражува дали на неговото бегство му помогнала македонската полиција, пишува The Guardian, пренесува фактор.

Груевски, како што објаснува медиумот минатата година бил лишен од својот пасош и бил под постојана 24-часовна заштита. “Континуирано го водеа во судот, тој се држеше настрана од јавното мислење,” добро информиран извор му соопштил на Тhe Guardian. “Не можеше да се види ниту во блокот каде што живееше”.

На почетокот на оваа недела екс лидерот на опозицијата објави на страницата на Фејсбук дека е принуден да бега поради “безброј” закани за неговиот живот. Двегодишната пресуда која ја има добиено за купување на луксузниот автомобил, според него е политички мотивирана.

Цврстата политика на Груевски има важна улога во тензиите со соседна Грција, продолжиле долго време и поврзани со името на балканската држава, пишува лондонскиот The Guardian.

Back To Top