skip to Main Content

Бајрами: Да се гордееме што привршуваме изборен циклус без речиси ниту една поднесена кривична пријава

Бајрами: Да се гордееме што привршуваме изборен циклус без речиси ниту една поднесена кривична пријава
  • 05.05.2019

Очекувам во ваква атмосфера како што е позната и во атмосфера каква што се одвиваше во првиот изборен круг да заврши и денешниот ден и конечно ние како државата да се гордееме со тоа дека привршуваме изборен циклус без речиси ниту една поднесена кривична пријава и постапување од страна на надлежните обвинителства низ државата, истакна денеска претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите, јавниот обвинител Џелал Бајрами.

Посочи дека во сите обвинителства во земјата поставени се дополнителни дежурни обвинители, во случај ако треба да постапуваат при евентуални нерегуларности од денешниот изборен процес.

Back To Top