skip to Main Content

Бачев за 1ТВ: Премногу права им се дадоа на Албанците, затоа дивеат и нон-стоп имаат нови барања

Бачев за 1ТВ: Премногу права им се дадоа на Албанците, затоа дивеат и нон-стоп имаат нови барања
  • 16.07.2018

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој вечерва е меѓу присутните на протестот на „Комитите“ за убиството на 21-годишниот Никола Саздовски – Саздо за 1ТВ ја критикуваше политиката на актуелната власт за која смета дека премногу права им дава на Албанците.

„Ова е резултат на лошата политика на актуелната власт. Премногу права им се дадоа на Албанците, затоа дивеат и нон-стоп имаат нови барања“, рече Бачев.

На нашето прашање дали е вистина дека „Комитите“ кои правеа проблеми се финансирани со руски пари, Бачев изјави дека „никој од нив не зел руски пари, туку дека го изразуваат својот револт за убиството“.

Тој додаде дека наскоро геополитичката состојба на Балканот ќе се промени.

Јанко Бачев беше присутен и на претходните протести на „Комитите“ пред Собранието на Република Македонија, кога поединци од оваа навивачка група влегоа во отворен физички конфликт со припадниците на МВР.

Back To Top