skip to Main Content

Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат

Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат
  • 27.02.2019

Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат, a името ќе го соопштат во петок. Ова го кажа лидерот на ДУИ на својот  фејсбук профил.

-Само што ја завршив средбата со Зоран, претседателот на СДСМ со кого се договоривме да поддржиме заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Изразувам убедување дека овој концепт ќе доби апсолутното мнозинство на нашите граѓани, рече Ахмети.

 

Тој посочи дека сака на граѓаните да им упатат порака дека во земјата, како што рече, „имаме доволно зрели политички партии, но и општество за да може да се донесе заедничка одлука за претседател на државата“.

Во следните денови, рече Ахмети, ќе продолжат консултациите со останатите албански политички партии во однос на заеднички кандидат за претседател.

Back To Top