skip to Main Content

Ахмети дециден: ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО

Ахмети дециден: ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО
  • 04.09.2019

„Секој кој го прекршил законот треба да одговара, ДУИ е за целосно почитување на законите, сега сме пред важни моменти, пред зачленување во НАТО и пристапни преговори со Европската Унија.

-Треба да бидеме бидеме внимателни сите случаи да се разрешуваат согласно законот и уставот“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахемти по завршувањето на централнот претседателство во партиското седиште во Мала Речица.

Ахмети цврсто стои на ставот дека ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО

„ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите, актеритe во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува.

-Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ​​“, рече Ахмети пред седиштето на ДУИ.

Back To Top