skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Ахмети во честитката за 11 Октомври повика Македонија да го заокружи патот кон ЕУ и НАТО

Ахмети во честитката за 11 Октомври повика Македонија да го заокружи патот кон ЕУ и НАТО
  • 11.10.2018

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во денешната честитка по повод 11 Октомври порачува дека Македонија сега има неповторлива можност да ја продолжи посветеноста на своите предци и да го заврши заедничкиот долг и макотрпниот пат кон интеграцијата во НАТО и Европската унија.

– Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се построија на исправната страна на историјата и победија. Храброста и жртвувањето на паднатите борци и ветераните треба да ни послужи како патоказ за денешните одлуки зашто пред нашата генерација стои важна одлука за тие што ќе дојдат по нас, стои во честитката.

Според него, заедничките напори, тие пред 77 години и овие денес, секогаш победуваат зашто го претставуваат правиот пат, патот на единството, слободата, мирот, безбедноста и стабилноста, како и добрите меѓуетнички односи.

– Во духот на историските заеднички напори за слобода да дејствуваме заеднички за мирна, стабилна и сигурна иднина, со храброст, визија и одлучност за иднината на нашите генерации, апелира Ахмети.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top