skip to Main Content

Аудио „бомба“: Градоначалникот на Шутка наводно тепа човек во кабинетот

Аудио „бомба“: Градоначалникот на Шутка наводно тепа човек во кабинетот
  • 22.06.2019

Градоначалникот на Шутка од редовите на владејачката партија СДСМ е обвинет дека наводно измачувал и тепал непознато лице во својата канцеларија, откако во медиумите вчера се појави аудио снимка во којашто навводно се слуша гласот на градоначалникот Курто Дудуш.

Снимката ја објави порталот „Лидер“, со образложение дека материјалите со разговорите им биле доставени анонимно, од свиркач.

Градоначалникот Курто Дудуш се закани со тужби за медиумот и демантира дека ова се случило и во изјава дадена за порталот „Фокус“ сугерира дека снимките се монтирани.

„Ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени”, вели градоначалникот за Фокус.

Медиумот вчера објави 2 минутно видео, но по денешните изјави на градоначалникот дека тие се монтирани, денеска попладне е пуштено целото аудио во траење од 18 минути. Тие тврдат дека градоначалникот Курто Дудуш му се заканувал на новинарот којшто ја објави снимката, Љупчо Златев.

И власта и опозицијата во своите реакции ги повикаа институциите да го истражат случајот. ВМРО-ДПМНЕ бара и оставка од градоначалникот.

Back To Top