skip to Main Content

Апелација ја укина затворската казна за дедото на малата Тамара

Апелација ја укина затворската казна за дедото на малата Тамара
  • 29.11.2018

По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, Aпелација одлучи да ja укине затворската казна од 7,5 години за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Судењето же почне одново. Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должноста на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.

Back To Top