skip to Main Content

Антикорупциска отвора предмети за Мицкоски

Антикорупциска отвора предмети за Мицкоски
  • 03.05.2019

Антикорупциска ќе отвори предмети за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по допрен глас.

Антикорупциска ќе утврдува дали има вистина во тврдењето на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дека Мицкоски нелегално купил земјиште, а ќе се проверува и ,,бизнисот со хидроцентралите“.

За Мицкоски ќе се проверува и дали имало прекршување на законите кога тој бил директор на ЕЛЕМ, а истовремено и надворешен советник на тогашниот премиер Никола Груевски.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов вчера на прес конференција побара од Антикорупциска да ја испита сопственоста на хидроцентралата во која како што рече свој удел имаат Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски, повикувајќи се на документ за соопственоста на објектот.

-Христијан Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година. Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река, рече Костадинов, повикувајќи се на Одлука, објавена во Службен Весник.

-Во време кога Мицкоски бил советник за енергетика во Владата на Груевски, а Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски, нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала, рече Костадинов истакнувајќи дека тоа е класичен судир на интереси.

-Особено е важно да се утврди дали во овој случај постои судир на интереси, имајќи предвид дека двајца од сопствениците Мицкоски и Димовски биле високи државни службеници во време кога добиваат бизнис со хидроцентрали, рече вчера Костадинов.

Back To Top