skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Анкета: Србите најмногу ги сакаат Грците, па Црногорците, а потоа Македонците

Анкета: Србите најмногу ги сакаат Грците, па Црногорците, а потоа Македонците
  • 25.09.2018

Граѓаните на Србија најмногу во регионот ги сакаат Грците,  потоа Црногорците, а на трето место се Македонците, покажуваат резултатите од истражувањето на „Фактор плус“, објавени белградскиот весник „Данас“.

Анкетата покажува дека 43 проценти од испитаниците најпозитивно се изјасниле за Грците, 20 отсто за Црногорците, а 18 проценти за Македонците.

За Албанците, најнегативно мислење има една третина од српските граѓани или 33 отсто од испитаниците, додека дури две третини од Албанците имаат најнегативно мислење за Србите, дури 68 проценти.

Албанците по Србите имаат најнегативно мислење кон Црногорците – 13 отсто.

Најлошо мислење, кога станува збор за народите во регионот, Србите имаат пред се за Хрватите или 45 отсто.

Кога станува збор за позитивни мислења, граѓаните на Србија најмногу ги сакаат Грците 43 проценти, а Албанците ги сакаат Италијанците – 44 отсто, потоа Грците – 22 отсто, а следат Црногорците со 16 проценти позитвни одговори.

Истражувањето е спроведено во август годинава на примерок од 1.000 испитаници во Србија, без Косово и 1.000 испитаници во Албанија.

Тоа е првото такво компаративно испитување на јавното мислење во двете земји на тема “Односите меѓу српскиот и албанскиот народ, перспективата на овој однос, точките на споровите, можности и области на соработка”.

Истражувањето е дел од еден поширок проект на тема „Срби и Албанци – и како понатаму“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top