skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Саливан: САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор
Димитров и Саливан: Реафирмирање на американската поддршка на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО
„Титаник 2“ продолжува на 26. декември кога ќе се слушаат телефонски разговори
Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири
Тело за помирување: Амнестија ќе нема за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Анкетата на Владимир Божиновски покажува дека 40% од граѓаните би гласале „за“ на референдумот, а само 22% против

Анкетата на Владимир Божиновски покажува дека 40% од граѓаните би гласале „за“ на референдумот, а само 22% против
  • 13.08.2018

43,2 отсто од граѓаните би гласале „за“ на претстојниот референдум, а 22 отсто „против“, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања, каде координатор е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски. Со ова ИПИС предвидува дека цензусот би се постигнал и референдумот би бил успешен.

Според анкетата спроведена помеѓу 6-ти и 10-ти август, само 22 отсто од испитаниците рекле дека ќе го бојкотираат референдумот, а 12 отсто одговориле дека не знаат како ќе гласаат.

Се забележува разлика помеѓу одговорите на етничките Македонци и етничките Албанци. Од испитаниците кои одговориле дека ќе гласаат „за“ на референдумот 32,4 отсто се етнички Македонци, а 80,9 отсто се етнички Албанци. Сепак помал е бројот на етнички Македонци кои одговориле дека ќе гласаат против, 26 отсто, а 27 отсто од нив одговориле дека ќе бојкотираат, објави Фокус.

Од етничките Албанци 10 отсто одговориле дека ќе гласаат против, а 1,9 отсто дека ќе бојкотираат.

Резултатите на ИПИС покажуваат дека доколку следната недела се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би победила со тесна разлика. За опозициската партија би гласале 23,2 отсто од граѓаните, додека за СДСМ би гласале 22,8 отсто.

Споредбата со анкетата направена пред еден месец покажува драстичен пад во рејтингот на СДСМ. Пред само еден месец за СДСМ ќе гласале 26 отсто од граѓаните, додека за ВМРО-ДПМНЕ 21,3 отсто.

Анкетата била спореведена врз 1110 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Целта на истражувањата, велат од ИПИС, беше да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии. Најавуваат следно (трето) истражување кое ќе биде спроведено и објавено на почеток на официјалната кампања за референдумот кон средина на септември 2018 година.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top