skip to Main Content

Анита Ангеловска-Бежоска нова гувернерка на НБРМ

Анита Ангеловска-Бежоска нова гувернерка на НБРМ
  • 21.05.2018

Со  81 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието денеска го одобри предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Анита Ангеловска-Бежоска да биде назначена за нов гуверенер на Народна Банка на Република Македонија.

Пред нејзиниот избор, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека тие немаат замерка за Ангеловска-Бежоска и рече дека ќе ја прелдожат и се согласни таа да биде новиот гувернер.

По неговиот говор, координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев пак, рече дека изборот на Ангеловска-Бежоска покажува дека власта и опозицијата може да постигнат согласност за одредени одлуки се додека се бираат луѓе професионално и трезвено. Како што рече Тунтев, Ангеловска-Бежоска била докажана во својата работа и тие немаат замерка.

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска е прва жена гувернер на НБРМ

Back To Top