skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Анализа на изборниот ден во Студио 1 со Бучковски, Гаши и Новаковски

Анализа на изборниот ден во Студио 1 со Бучковски, Гаши и Новаковски
  • 21.04.2019

Гости во отвореното Студио 1 со уредникот Сашо Ордановски беа Африм Гаши кој е на чело на партијата „Алтернатива“, универзитетскиот професор Владимир Бучковски и поранешниот член на ДИК, Александар Новаковски кои го анализираа изборниот ден. Бучковски рече дека резултатите од излезноста се очигледни поради случувањата од изминатиот период.

-Ние кои имаме и практични искуства, кои не сме аналитичари, знаевме дека во вакви околности цензусот ќе биде најголем проблем. Околностите се такви што по такви турбуленции кои се случија по референдумот и по добивањето двотретинско мозинство на еден контраверзен начин и мислам дека ова што го гледаме како моментален одзив меѓу 43 и 44% имајќи во предвид дека на референдумот гласаа 36% евидентно е дека дел од оние кои гласаа на референдумот кои се тврди поддржувачи на СДСМ и албанските политички партии, очигледно не излегоа да гласаат и тоа ќе има одраз на изборниот резултат, рече Бучковски.

Африм Гаши вели дека битна компонента е тоа што граѓаните си заминуваат од државата.

-По наши сознанија тоа што се одвиваше како изборен ден можам да се согласам со квалификациите искажани од ДИК и партиите немаше некој посериозен инцидент. Особено ако се сетиме на 2000 година или 2008 година кога имаше и убиства. Не е нешто што требаше да го минимизираме. Треба да знаеме дека поминуваме низ тежок период, направивме болни компромиси имаме проблем со реализирање на економските програми. Може да се сложам со анализата на Бучковски дека одреден број од гласачите сакаат да апсинираат од гласање, но мислам дека битна компонента е дека граѓаните ни одат од државата, истакна Гаши.

Новаковски вели дека треба да се направи промена за изборот на претседател.

-Ако пред 10 години во 2009 кога бев претседател на ДИК и имаше неки повторени локални избори и кога беше насочено конкретно кон таа општина се покажа дека има многу мал дел од граѓаните останато во одредени општини од западна Македонија, тоа истото се случува и во источна Македонија, но немавме како пилот програма да се повторат избори таму да видиме колку е реално но после овие избори мора да се прави промена за изборот на претседател, рече Новаковски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top