skip to Main Content

Алтмајер: Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија

Алтмајер: Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија
  • 22.10.2019

Германскиот министер за економија Питер Алтмајер, кој денес е во посета на Белград, смета дека од интерес на Германија, како и на Европската Унија е што побрзо да започнат преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија.

Тој во интервју за германскиот весник „Билд“ вели дека е разочаран од исходот на Самитот на ЕУ во Брисел.

„Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија, признавајќи ги нивните големи напори за демократија и стабилност. Пристапните преговори со двете земји треба да почнат што е можно побрзо“, изјави  Алмајер, кој додаде дека важно во пристапниот процес е продолжување на помирувањето меѓу балканските земји и засилување на регионалната соработка, како и дека Германија ги охрабрува овие теми во рамките на Берлинскиот процес.

„Во иднина, процесот на проширување на ЕУ ќе биде уште повеќе ориентиран кон вистински напредок во областа на криминалот и корупцијата“, рече Алтмајер.

Back To Top