skip to Main Content

Азманов сака да го спречи објавувањето на најавеното досие во „Македонски инсајдер“

Азманов сака да го спречи објавувањето на најавеното досие во „Македонски инсајдер“
  • 21.01.2019

Уредничкиот колегиум на 1ТВ и сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски најостро ги осудуваат, како што велат тие, изнесените измислици и лаги од страна на бизнисменот Зоран Азманов, кажани на денешната прес-конференција на која тој обвини дека од него бил побаран рекет од 50 илјади евра или стан. Од уредничкиот колегиум и Јовановски сметаат дека ваквите тврдења на Азманов се со цел да се спречи објавувањето на најавеното досие за валканите бизниси во градежниот бизнис во серијалот „Македонски Инсајдер“ што од февруари ќе се емитува на 1ТВ.

Прашан да покаже докази за неговите тврдења Азманов прво рече дека тоа се случило во телефонски разговор меѓу него и Јовановски кој разговор, како што рече тој, за жал не го снимал. Исто така Азманов рече дека постои и вибер комуникација но

На денешната прес конференција Азманов уште тврдеше дека никогаш и со никого немал контакт во финансиската полиција која ја обвини дека нелегално давала документи на новинари а во врска со неговата работа.

Азманов призна дека се заканувал на новинарите на 1ТВ и на главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов.

Притоа Азманов за криминал ги обвини бизнисменот Ванчо Чифлиганец и поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром Ивица Коневски.

Реагираа и од Здружението на новинари на Македонија. Од таму најостро ја осудија заканата за убиство упатена кон новинарите и уредникот на 1ТВ Ацо Кабранов од страна на бизнисменот Зоран Азманов. Според ЗНМ ваквите закани претставуваат брутално кршење на правата на новинарите и обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата. Од таму побараа Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Македонија активно да го следат овој инцидент во насока на брза разрешница. Од ЗНМ апелираат дека доколку граѓаните сметаат дека медиумите известуваат непрофесионално на располагање ги имаат Советот на честа при ЗНМ, како и Советот за етика во медиумите.

Од уредничкиот колегиум на 1ТВ ги повикуваат надлежните институции да ги испитаат сите изнесени тврдења од страна на бизнисменот Зоран Азманов а сопственикот Јовановски најави тужба за клевета против него. Од телевизијата уште велат дека непристојните понуди за поткуп ќе бидат одбивани затоа што серијалот „Македонски инсајдер“ е лиценциран формат кој се работи по точно утврдени стандарди.

Back To Top