skip to Main Content

Администрацијата ќе го одработи 2 јануари

Администрацијата ќе го одработи 2 јануари
  • 26.12.2018

Втори јануари кој беше прогласен за неработен ден за јавната администрација, ќе се одработи во текот на годината.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи бидејќи се работи за одлука која не е дел од законското решение, туку е одлука на Владата.

– Се работи за дел од традицијата од минатото која е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Владата го прогласи за неработен ден за јавната и државната администрација, а им препорачуваме на единиците на локалната самоуправа и на приватните компании, ако можат, да ја следат оваа одлука. Овој ден ќе се одработи во текот на годината бидејќи не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада, појасни Бошњаковски.

Back To Top