skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Саливан: САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор
Димитров и Саливан: Реафирмирање на американската поддршка на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО
„Титаник 2“ продолжува на 26. декември кога ќе се слушаат телефонски разговори
Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири
Тело за помирување: Амнестија ќе нема за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Адеми: Ги цениме извештаите од Светска банка за состојбите во образованието

Адеми: Ги цениме извештаите од Светска банка за состојбите во образованието
  • 02.11.2018

Светска банка ја сметаме за еден од најголемите поддржувачи и партнер во образованите реформи во Македонија во последните неколку години. Оттаму навистина ги цениме извештаите кои се подготвуваат и се поддржани од Светска банка, а се однесуваат на состојбите во образованието во нашата земја, истакнал министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната средба со Хери Патринос, раководител на секторот на Светска банка за образование за Европа и Централана Азија.

Како што соопшти МОН, Адеми се заблагодарил за досегашната соработка, оценувајќи ја како одлична, а посочил дека Владата на Република Македонија има јасно поставена цел – градење квалитетен образовен систем, кој ќе создава генерации со добро знаење и познавање на областите кои ги изучуваат.

-Свесни сме дека нашата земја нема друг и поважен ресурс за напредок. Нема енормни природни богатства. На глобалниот свет ние можеме да му конкурираме со понудено знаење, со идеи, со иновативност. Затоа мораме да вложуваме во образованието, во знаењето на секој поединец, истакнал Адеми.

МОН наведува дека меѓу успешните приказни е Проектот за развој на вештини и иновации (СКИЛС проектот), имплементиран од Министерството.

-Целта на овој проект е да се подобри транспарентноста во финансирањето и да се промовира отчетноста во високото образование, да се зголеми соодветноста на средното четиригодишно стручно образование со потребите на пазарот на трудот и да се поддржи капацитетот за иновации на Република Македонија. Во текот на периодот на имплементација на проектот, беа постигнати значајни резултати во спроведувањето на сеопфатната реформа на средното техничко образование и обука, програмата за доделување грантови на средни стручни училишта што ја поддржува практичната обука на учениците, како и пласманот на финансиските инструменти за поддршка на иновации, информира МОН.

Во соопштението МОН додава и дека реформите поддржани од меѓународните пријатели, меѓу кои и реномираната глобална финансиска институција Светката банка, ќе продолжат, а некои веќе се во тек на реализација.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top