skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Адвокатите на Бојан Јовановски тврдат дека се лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев

Адвокатите на Бојан Јовановски тврдат дека се лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев
  • 19.08.2019

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Јовановски. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

Бојан Јовановски е информиран за сите вести поврзани со него и случајот „Рекет“ кои се во фокусот на медиумите. Според неговиот адвокат, апсолутна невистина се написите во српските медиуми дека Боки 13 испратил порака дека “ако нешто му се случи во затвор, доказите против Зоран Заев се кај неговата мајка”.

Решението за притвор, одбраната на Боки 13 го оценува како паушално.

-Има формално образложение решението за притвор, но паушално и со редовно користена фразеологија. Во однос на доказите врз основа на кои обвинителството бараше притвор, тие не се доволни да создадат основи за сомневање, а камоли основано сомневање за да му се одреди притвор – вели адвокатот Савовски.

извор:360степени

Back To Top