skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Адамчевски во Централниот дневник на 1ТВ: Политиката на Русија кон Србија се менува со доаѓањето на Путин на претседателската функција

Адамчевски во Централниот дневник на 1ТВ: Политиката на Русија кон Србија се менува со доаѓањето на Путин на претседателската функција
  • 18.01.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше Мирче Адамчевски кој шест години беше дописник на Нова Македонија од Москва. Адамчевски зборуваше за значењето на посетата на Путин во Белград, најважните пораки и последици.

-Има два апсекта тоа се економскиот и политичкиот аспект на посетата на Путин. Политичкиот се однесува на ставот на Русија искажан од Путин. Доколку Србија и Косово се договорат тогаш Русија ќе го почитува нивниот договор. Тоа значи дека во Советот за безбедност ќе биде донесена нова резолуција во која што би пишувало дека Србија ја признава независноста на Косово, вели Адамчевски.

Тој се осврна и на користа којашто Србија ја има од Русија.

-После НАТО бомбардирањето Србите не добија никаква помош од Москва и ден денес е дискутабилно, дури и во Москва моите колеги велат –Што имаме ние потреба да ја поддржуваме Србија? Во Србија го велат истото -Ние од Москва никогаш не сме добиле ништо. Со доаѓањето на Путин на претседатлската функција се менуваат работите и  почнува сѐ повеќе внимание да се води кон Србија, а особено по 2014 година се промени политиката на Русија кон Балканот, рече Адамчевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во Централниот дневник на 1ТВ.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top