skip to Main Content

Автопатите и натаму тема на раздор меѓу власта и опозицијата – тема на „Студио 1“

Автопатите и натаму тема на раздор меѓу власта и опозицијата – тема на „Студио 1“
  • 04.05.2018

Во изборната програма и на СДСМ и на Владата на Р. Македонија не стои ништо за 600 километри автопат, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Изградбата на автопатите подразбира изградба и на регионални, експресни и магистрални патишта, објаснува министерот.

-Тезата што се обидуваат да ја нафрлат дека некој некаде ветил 600 километри автопат е апсолутно погрешна, вели Сугарески.

Според министерот, апсурдни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата ги одолговлекува проектите за да си мисли народот дека се успех на СДСМ, затоа што парите што се даваат за патиштата се буџетски и пари на граѓаните.

-Дилемата дали ги граделе ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, Горан Сугарески, Зоран Заев или Никола Груевски не е точна затоа што ние сме на власт за да ги менаџираме буџетите во Р. Македонија, да работиме со проекти и да создадеме колку што можеме повеќе бенефит за граѓаните, рече министерот.

Тој вели дека доколку беа точни обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Демир Капија-Смоквица ќе требаше да биде готов уште лани во февруари, а ист е и случајот со автопатот Миладиновци-Штип.

Back To Top