skip to Main Content

(Вознемирувачко фото+видео) Автобус се превртел на автопатот Скопје-Тетово, има повредени

(Вознемирувачко фото+видео) Автобус се превртел на автопатот Скопје-Тетово, има повредени
  • 13.02.2019

Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај Ласкарци во близина на Сарај, каде што автобус се превртел во провалија, откако преминал на другата страна од колозовот и ја пробил оградата.

Според очевидци, има повредени патници. Откако први на помош да ги извлечат заглавените притекнале луѓе кои се нашле на местото, дошле и голем број екипи на брзата помош, кои извлекуваат луѓе на носилки.

Се уште нема официјални информации за здравствената состојба на повредените, но на социјалните мрежи се појавија најразлични шпекулации,.

Првите информации од терен велат дека станува збор за автобус на компанијата „Дурмо Турс“. Поради сообраќајната несреќа, затворен е автопатот Скопје-Тетово.

Неофицијално возачот на автобусот имал срцев удар.

Aksident i rëndë në autostradën Shkup -Tetovë

Posted by Alsat on Среда, 13 февруари 2019

Во живо од местото на несреќата во живо пренесува Алсат

Фото: фактор

Back To Top