skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

АВМУ: 1ТВ професионално известувала за претстојните избори во првите денови од кампањата

АВМУ: 1ТВ професионално известувала за претстојните избори во првите денови од кампањата
  • 15.04.2019

Иако времетрањето на известувањето за Претседателските избори 2019 година е премногу мало за да се извлечат методолошки засновани оценки за балансот сепак 1 телевизија во периодот од први до деветти април 2019 година генерално известувала подедднакво за сите претседателски кандидати, пишува меѓу другото во Извештајот од медиумското известување за претседателските и предвремените локални избори 2019 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во наведениот период биле анализирани Централниот дневник во 20 часот и Вестите на 1 ТВ во 23 часот или вкупно шест часа, 37 минути и 54 секунди.

Од извршеното набљудување АВМУ констатирала дека времето посветено на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ било поддеднакво.

Што се однесува до предвремените локални избори 1 телевизија најмногу известувала за кандидатите за градноачалник на општина Охрид при тоа поддеднакво претставувајќи ги сите петмина кандидати.

Инаку во клучните наоди од Извештајот на АВМУ се констатира дека во првите девет дена од изборната кампањата медиумите не известувале со голем интензитет па оттука, констатираат од Агенцијата дека времето одвоено за претседателските кандидати не е доволно за да се оцени колку е запазен принципот на еднаква распределба на времето.

Националните медиуми повеќе биле концентрирани на претседателските избори а регионалните и локалните на претстојните предвремени локални избори во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Во овој прв Извештај на АВМУ за претстојните избори биле анализирани сите облици на изборно медиумско претставување.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top