skip to Main Content

АВМУ: Последните измени на Изборниот законик спротивни на неговите постојни одредби

АВМУ: Последните измени на Изборниот законик спротивни на неговите постојни одредби
  • 31.07.2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека измените на Изборниот законик за политичко рекламирање од буџетски средства што неодамна беа усогласени од најголемите политички партии изгласани од македонското Собрание се контрадикторни со постоечка одредба која забранува емитување реклами платени од буџетски средства.

– Факт е дека не се усогласени измените со останите одредби од законот. Во член 75 од Изборниот законик наведена е забрана за емитување реклами финансирани од буџетот на државно ниво, локалните самоуправи и на град Скопје. Со сега усвоените измени се предвидува на некои идни избори, дали претседателски, парламентарни или локални, платеното политичко рекламирање да се плаќа од буџетот. Овие два члена се меѓу себе контрадикторни и таквиот закон не е применлив, рече Трајчевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека со политичките партии треба да се договорат кој од двата члена ќе го укинат за да може да се применува.

Вели дека АВМУ била вклучена во работната група за изготвување на измените, но, оти она што било усвоено од Парламентот не било воопшто предмет на дискусија.

Back To Top