skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Tеодосиевска: „Браќа Манаки“ беше и ќе остане мојата филмска школа

Tеодосиевска: „Браќа Манаки“ беше и ќе остане мојата филмска школа
  • 07.09.2019

Четири децении заокружува годинава Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најстар во светот посветен на креативноста на кинематограферите, „невидливите“ професионалци зад камерите одговорни и заслужни замислениот филмски проект да стане приказна во слики на големото платно. Фестивалот 40 години достојно го носи името на првите сниматели на Балканот – Милтон и Јанаки Манаки и го афирмира нивниот фотографско-филмски опус со тоа што им оддава признание на нивни колеги по занает и талент – на современи светски мајстори на камерата.

Организирана првпат во април 1979 година како „Денови на филмската камера ’Милтон Манаки’“ по повод 15 години од смртта на Милтон Манаки, филмската манифестација во Битола израсна во бренд на градот и на државата.

За етаблирањето на фестивалот што во изминатите години го посетија познати филмски уметници и за идните предизвици, пред почетокот на јубилејното издание разговараме со Гена Теодосиевска, директорка на ИФФК „Браќа Манаки“ . Во интервју за МИА таа изјави дека осум вечери ќе се слави филмот, ќе има нови локации за проекции и други новини, нестандардно отворање на фестивалот. Зборува за гостите, колку е тешко да се договори доаѓањето на лауреатите, за посветеноста да ја мотивираат публиката, за  воспоставената соработка со други европски фестивали, за визијата за ИФФК на следниот јубилеј… Теодосиевска е речиси 35 години со фестивалот за кој вели дека бил и останува нејзината филмска школа.

Како ќе се одбележи 40-годишниот јубилеј на ИФФК „Браќа Манаки“? Освен што е поместен порано почетокот на фестивалот (14-21 септември), има ли други новини на годинашното издание?

– Тоа и не е најважно, терминот беше определен да не се „залепиме“ за фестивалот во Сан Себастијан, бидејќи тој е поатрактивен за некои наши колеги критичари од регионот, а ние сакавме да ги добиеме во Битола, па се „залепивме“ до Венеција, а ќе признаете и покрај целиот труд на организаторите, Битола и не е некоја фестивалска Мека, треба уште многу да се работи за фестивалот да го почувствуваме за наш, за Битола да го почувствува за свој. Тоа било и е предизвик за секој фестивалски директор… за секој член на фестивалскиот тим, без разлика дали е од Битола, Скопје или од друг град од нашата земја.

За почеток, фестивалот го отвораме со најновиот филм на, за мене највлијателниот европски режисер Педро Алмодовар,  моралниот победник во Кан, ремек-делото на нашиот драг Хосе Луис Алкаине: „Болка и слава“. Кинематограферот Алкаине е фестивалски лауреат и добитник на наградата „Златна камера 300“ за животен опус во 2013 година и тој ќе биде нашиот специјален гостин на отворањето. Се потрудивме и успеавме за овој филм да добиеме право и за втора проекција, за која се надеваме ќе има голем интерес како во Битола, така и од страна на филмофилите од целата наша земја. Се надевам дека овој потег ќе биде забележан.

Нашата долгогодишна соработка со Европската филмска академија, пак, придонесе на отворањето со своето присуство да нѐ почести големиот филмски драматург, сценарист, режисер, продуцент, Ирецот Џим Шеридан, кој ќе ни ја испрати честитката за јубилејот во име на ЕФА. Шеридан е самиот шест пати номиниран за Оскар, ги има режирано најгледаните и најдобро оценуваните филмски наслови, како „Во името на таткото“, „Моето лево стапало“, „Боксер“ итн. – филмови кои се аманет за секој филмски професионалец.

Ние и почнавме со новини. Првпат се изработи фестивалски видеоклип како проект, многу професионално. Резултатот е видлив. Првпат на фестивалот се поканети и кинематограферите во компетицијата на кратките играни филмови.

извор: локално.мк

Back To Top