skip to Main Content

Mинистерот Адеми на Третата светска конференција за туризам и култура во Турција

Mинистерот Адеми на Третата светска конференција за туризам и култура во Турција
  • 03.12.2018

Министерот за култура Асаф Адеми oд денеска до 5 декември присуствува на Третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“,  која е во организација на Владата и Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација и УНЕСКО.

На конференцијата, соопшти Министерството за култура, учествуваат високи претставници од Светската туристичка организација, УНЕСКО, министри и заменици-министри за култура од повеќе делови на светот, претставници на Светската банка, приватниот сектор и други еминентни гости.

Во рамките на конференцијата, пред форумот на министри, претставници на повеќе земји министерот Адеми денеска ќе се обрати на тема „Зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и културата“.

На маргините на конференцијата, Адеми ќе се сретне со министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, како и со неговите колеги од земјите-учеснички на овој значаен собир.

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Адеми ќе присуствува и на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје и концерт на ДУО Скупи, настан кој е во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Истанбул.

Back To Top