500 години од смртта на Леонардо Да Винчи

Парискиот музеј Лувр ја отвори изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на познатиот сликар Леонардо Да Винчи.
На изложбата има дела на Да Винчи од трезорот на Лувр, но и од колекциите на други институции низ светот, и опфатени се околу 160 негови слики.
Меѓу сликите кои ќе се наоѓаат на изложбата се ремек-делата на Да Винчи, десетици студии и научни нацрти, како и слики на други уметници од опкружувањето на Да Винчи.
Посетителите можат да уживаат и во виртуелниот дел од изложбата посветена на приказната за „Мона Лиза“, можеби најпознатото дело на Да Винчи кое се наоѓа во постојана поставка на парискиот музеј.
Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година, а Лувр соопшти дека до понеделникот биле продадени 220.000 влезници.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.