Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Почнува 53. МТФ „Војдан Чернодрински“

Почнува 53. МТФ „Војдан Чернодрински“
  • 08.06.2018

Со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар и со доделување на наградите за животно дело, вечер во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

До 15 јуни на сцените на Домот на културата и во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, публиката ќе има можност да проследи 12 претстави на македонските театарски куќи во официјалната, натпреварувачка програма, и уште пет претстави во придружната програма, како и две трибини на актуелни теми.

Добитници на наградите за животно дело годинава се актерот Петар Арсовски и композиторот Љупчо Константинов и ќе им бидат врачени вечер од 20 часот на свеченото отворање на фестивалот. 

Во официјалната конкуренција за награди се претставите: „Ничија земја“ од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов на Македонскиот народен театар; „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу во режија на Андраш Урбан на Народниот театар Битола; „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар; „Еднаш свет изградив“ според „Сидарта“ од Херман Хесе во режија на Јане Спасиќ на Театарот за деца и младинци; „Царот Владислав“ од Борис Јанков во режија на Бранко Ставрев на Струмичкиот театар; „Крал Лир“ од Шекспир во режија на Диего де Бреа на Турски театар-Скопје; „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Нела Витошевиќ на Штипскиот театар; „Дони Дарк“ од Леонид Герш во режија на Роберт Ристов на Театар Комедија; „Жените“ од Роберт Томас во режија на Ќендрим Ријани на Албански театар-Скопје, „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Дејан Дамјановски на Велешкиот театар; „Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман и Кен Киси во режија на Ристо Алексовски на Драмски театар-Скопје и „Ужегнатост“ од Иван Вискочил во режија на Владимир Милчин на Независната театарска група „Артопија“ од Скопје.

За наградите ќе одлучува фестивалското жири во состав: Мими Таневска, професор и актер; Драган Спасов-Дац актер и Јасна Новаков, театролог од Белград.

Наградите за најдобрите остварувања и статуетката на Војдан Чернодрински за најдобра претстава во целина ќе бидат доделени на 15 јуни на затворањето на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, а во чест на наградените Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега, драга“. 

Во рамки на фестивалот ќе има и две трибини – „Театарската критика денес“ и „Местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top