МАНУ ќе го претстави портретот на српскиот поет Мајо Даниловиќ во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019

Во рамките на августовските активности на МАНУ и Научната и уметничка визита – Охрид 2019, утревечер во Куќа Уранија – МАНУ, академик Катица Ќулафкова ќе го претстави портретот на Мајо Даниловиќ, поет од Белград, Србија.
Даниловиќ е еден од најплодните совремнени автори на балканскиот простор, член на Светската Академија за поезија при УНЕСКО, воедно и претседател на Одделот за словенскиот свет.
Објавил осум самостојни и две заеднички книги со песни, а е и коавтор и селектор на три алманаси и на Зборникот песни „Момчилова фрула“.
Објавуван е во Србија, БиХ, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Полска, Италија, Канада… Тој е еден од авторите од 10 словенски земји во Антологијата на словенската уметност објавена во Полска, во канадската антологија Поети за мир во светот и е еден од авторите во интернационалниот културен проект Диоген Про Култура.
Во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019, на 12 август во 2о часот, Трифче Сандев ќе одржи предавање на тема „Шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал?“
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.