Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ќе има буџет ако бидат одобрени нови проекти во културата

Ќе има буџет ако бидат одобрени нови проекти во културата
  • 11.02.2019

Пет од деветте комисии кои денеска ги преразгледуваат одбиените апликации од конкурсот за поддршка на проекти во културата во 2019 година, со допис до медиумите информираат дека предвиден е буџет доколку има новооодобрени проекти.

Од петчлената комисија за издавачка дејност и литература, каде што примиле над 2000 апликации, а одбиле 624 кои повторно ќе ги разгледуваат, сметаат дека донеле праведна одлука со тоа што предност им се дава на домашните автори наспроти странските автори и капитални преводи кои биле доминантни во минатите години. Велат дека некои одбиени иако ги задоволувале естетските критериуми, имале адмнинистративни недостатоци и некомплетна документација.

-Под ревидирање на програмата Комисијата подразбира повторно разгледување на одбиените апликанти, но не и корекција или ретерирање на веќе одобрените апликанти и сумите со кои се поддржани. Комисијата ги разгледа и ги коригираше техничките и ненамерни пропусти направени при обработка на податоците. За новооодобрените проекти за кои комисијата ќе даде позитивно мислење при ревидирањето веќе се предвидени средства во буџетот на Министерството за култура, соопшти комисијата за издаваштво под претседателство на Бертон Сулејамни.

Од комисијата за фолклор, музичка и музичко-сценска дејност во која покрај драмската имаше многу реакции во минатите три дена, соопштуваат дека обезбедени се средства за жалби и наведуваат дека максималниот износ на поддржани проекти е 100.000 денари.

-Ќе има дополнување на програмата врз основа на предвидените средства од буџетот на Министерството ако во некој случај се утврди при повторното разгледување на предметите, наведува во дописот оваа комисија која ја предводи Плеурат Гаши.

За дополнување на театарски проекти има средства соопштува и Комисијата за драмска дејност, на која како претседател е потпишан Хисмет Рамадани кој е назначен на местото на Петар Арсовски. Соопштува дека имале 149 пријави,  од кои 53 се прифатени, а 96 одбиени.

Во однос на реакциите во јавноста дека има здруженија и фирми кои се регистрирани непосредно пред објавување на конкурсот, оттаму велат дека во конкурост нема критериум за датумот кога се регистрирани правните лица, туку предност, како што наведуваат, им се дава на портфолиото на правното лице, референтната листа на претходно реализирани проекти што се вреднува со бодување.

Дали има технички грешки ќе разгледува и комисијата за визуелни уметности, архитектура и дизајн со која раководи Трајче Блажевски. Ќе имаат, велат, буџетски средства за новоодобрени. Тие одбиле девет проекти на национани установи, 75 на локални, 60 проекти на здруженија и 46 самостојни проекти.

Комисијата за интердицсиплинарна дејност, пак, со која претседава Љеонора Сејдиу, соопшти дека при ревидирање на одбиените проекти не е утврдена техничка грешка и дека немаат нови одобрени проекти. Оваа комисија одбила 111 апликации.

Од Министерството за култура ни одговорија дека доолнително ќе соопштат кој ќе биде следниот чекор откако комисиите ќе излезат со своите заклучоци.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top