skip to Main Content

Честитка од Џафери по повод Денот на албанската азбука

Честитка од Џафери по повод Денот на албанската азбука
  • 22.11.2018

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 ноември – Денот на албанската азбука.

– Денеска е значаен ден за Албанците во Македонија и се разбира за сите Албанци насекаде низ светот. Ден кога пред точно 110 години, на Битолскиот конгрес се постигна унификација на азбуката со која ќе пишуваат, читаат и зборуваат сите Албанци и тоа помогна во издигнување на албанската култура и образование на едно скалило погоре, меѓутоа беше и крстопатот на кој сиот интелектуален потенцијал на Албанците собран во Битола, насочувајќи ги очите кон запад, го избра патот на напредокот. И денес, сонцето за сите нас кои живееме на ова поднебје, изгрева на Запад, вели Џафери во честитката.

Џафери вечер ќе се обрати на прославата по повод Денот на албанската азбука што ќе се одржи во Македонска филхармонија во Скопје.

Back To Top