skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Фотографска изложба „Моменти“ на Владимир Арсовски

Фотографска изложба „Моменти“ на Владимир Арсовски
  • 11.06.2019

Во „Галерија Рудиќ“ вечер од 20 часот ќе биде  отоврена фотографска излозжба „Моменти“ на Владимир Арсовски од Фотосоојузот на Македонија, на која ќе бидат претставени 22 фотографии со голем формат испечатени на канвас.

Во рецензијата за изложбата, проф. Небојша Вилиќ пишува дека серијалот фотографии е посветен на животот, а авторот Арсовски е во потрага по одговорот на прашањето: како да се естетизира навидум неестетичкото/неестетизираното или како да се естетизира непредвидливоста на животот?

-…Од мугрите (кога се раѓа не само денот и виделината, туку и самото постоење), преку различните делови од денот (сончеви или тмурни, пријатни или поларно студени, како асиметрични периоди на искуствата), сè до квечерините и длабоките ноќи (во кои чунот, животот, е единствената светлина) се движи, тече, расказот за животот. Според овој расказ, невообичаено, животот не се воспева само како убавина, туку и како постојана борба со ретки мигови на спокој и задоволство, бидејќи животот е непредвидлив и, пред сè, незапирлив времетек, наведува рецензентот.

Back To Top