skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Филмот „Петрунија“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд

Филмот „Петрунија“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд
  • 15.04.2019

Филмот „Господ постои, името  ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и  парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се оджуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само осум филма од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

-Овојпат тричленото жири се одлучи за Петрунија, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

За да ја прими наградата на завршната церемонија на фестивалот, режисерката Стругар-Митевска допатува од филмскиот фестивал „Go East“ во Визбаден, каде што е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а проекција имаше и на 12 април.

Овој месец филмот ќе гостува на шест фестивали, меѓу кои и во Москва, каде што е откупен за дистрибуција во Русија и Украина. Интернационалниот продажен агент „Пирамид“, пак, кој ги откупи правата за дистрибуција на француската територија, на 1 мај ќе ја почне дистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција, од кои седум во Париз.

Филмот патува и низ земјава и по прикажувањата во Скопје, Битола и Прилеп, на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во Штип, градот во кој  беше сниман.

Back To Top