skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Филмот „Медена земја“ наскоро на азиска и официјална европска премиера

Филмот „Медена земја“ наскоро на азиска и официјална европска премиера
  • 14.03.2019

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ („Honeyland“) на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, ќе биде прикажан на 28 март на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг, на 3 април во престижниот Музеј на модерна уметност (MoMA) во Њујорк, а на 8 април ќе ја има својата официјална европска премиера на Филмскиот фестивал „Visions Du Reel“ во Нион, Швајцарија.

На 9 април е закажана проекција на филмот на отворањето на фестивалот „Магнифисент 7“ во Белград, а на 13 април следува гостување во Лондон, во рамки на „Frames of Representation“ во Институтот за современи уметности на Велика Британија.

Во киното „Милениум“ вчера и завчера имаше затворени проекции на филмот. Во емотивна атмосфера со силен аплауз, овации и солзи во очите публиката ја поздрави Атиџе, главната хероина на документарниот филм.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

Со победа во три категории, филмот минатиот месец триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на престижниот американски филмски фестивал за независни филмови „Санденс“. Филмот ја доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградата за најдобра кинематографија. Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top