skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Филмот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“

Филмот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“
  • 05.09.2019

Шпанскиот филм „Болка и слава“ на Педро Алмодовар ќе го отвори 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а на свеченото затворање и во чест на наградените, во Битола ќе биде емитуван филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски.

Успехот на Педро Алмодовар ќе биде споделен со битолчани, со македонската публика, а мене посебно ми е драго што тоа се прави на јубилејното 40. фестивалско издание, истакна шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера, на денешната прес-конференција во Битола.

-Горд сум и благодарам што Фестивалот ја слави работата на Алмодовар, најрепрезентативен режисер во Шпанија, човек кој со своите филмови даде општествена критика на оригинален начин, со специфичен хумор и со големо уметничко мајсторство, рече меѓудругото амбасадорот Лоренцо Сера.

Првите луѓе на ИФФК „Браќа Манаки“ Гена Теодосиевска и Благоја Куновски-Доре за јавноста открија дека меѓу бројните гости од странство, во Битола ќе пристигне и Џим Шеридан, висок претставник на Европската филмска академија-ЕФА.

-Шеридан е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија која е горда на неговиот опус што го вивна во височините не само на пошироката кинематографија на Обединетото Кралство, односно Велика Британија, туку и во светски рамки, најави Куновски-Доре за гостинот од ЕФА Џим Шеридан.

ИФФК „Браќа Манаки“-Битола почнува на 14 септември.

Back To Top