skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ на меѓународна изложба „Третиот простор (Сè што ни е заедничко“)

Уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ на меѓународна изложба „Третиот простор (Сè што ни е заедничко“)
  • 24.05.2019

Ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ учествуваат на меѓународната изложба „Третиот простор (Сè што ни е заедничко“) во галеријата „Ринг“- Павилјон Мештровиќ во Загреб, што е конципирана од кураторката Јованка Попова. Изложбата е во организација на Хрватското здружение на визуелни уметници, во партнерство со CreArt мрежата.

Секоја година, голема групна изложба со дела од уметници од сите градови на мрежата CreArt се одржува во три града. Оваа година, по презентацијата на изложбата во Загреб во септември изложбата ќе се пресели во Клермон-Феран, Франција, а во декември во Лече, Италија.

Бројните кураторски концепти и изложби на Попова досега се претставени во повеќе галерии во Европа, Азија, САД. Таа  е кураторка и на овогодинешниот македонски павилјон на  58. Биенале во Венеција.

Мусовиќ на оваа изложба се претставува со серијата фотографии „Место на солидарноста (градина на заедницата), a Јовановиќ со фото диптихот „Морски статуи“.

На изложбата се претставени 15 уметници од 10 градови од мрежата на CreArt.

Back To Top