skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Театар, музика и перформанси на АКТО фестивалот во Битола

Театар, музика и перформанси на АКТО фестивалот во Битола
  • 30.08.2019

Фестивалот за современи уметности АКТО продолжува со работилница за изложба „sLOGan“, проект кој го креираат и реализираат Бојана Исијанин и Ана Џима, а напладне пред споменикот на народниот херој „Стив Наумов“ во Битола, хрватскиот уметник Синиша Лабровиќ ќе го изведе перформансот „Ова го правам за вас прекрасни луѓе“.

Според програмата на АКТО Фестивал за современа уметност, вечер на сцената на битолкиот театар ќе биде изведена претставата „Приказна за окото“ едно од најмаркантните дела на Жорж Батај, во режија на Мартин Кочовски.

-Новелата „Приказна за окото“ претставува едно големо епохално разбивање на претходно прифатените рамки на нарација и поимање на човековата природа и сензуланост. Во претставата која не е наменета за лица под 18 години настапуваат актерите Захарија Ангелеска, Здравко Стојмиров, Анастазиа Христовска, Аница Бебиќ и Андон Јованоски. Сценографијата за претставата ја подготви Филип Јовановски, информираат од АКТО.

Во вечерната програма на две локации во Битола, односно мезе бар „Јагода“ и Железничка станица ќе биде приредна музика за млади.

14. издание АКТО Фестивал за совремни уметности завршува утре со како што посочуваат дискусија со храна на тема „Прво леб па морал“ која ќе се одржи во НУ Центар за култура-Битола.

Back To Top