Театарот од Ѓирокастро победник на фестивалот „Aлбански театар во Македонија“

Во Центарот за култура во Дебар синоќа заврши 18-тото издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“. Жири комисијата на фестивалот на кој дебарската публика имаше можност да проследи шест претстави на театри од нашава земја, Косово и Албанија, првото место за најдобра претстава ја додели на театарот од Ѓирокастро Албанија „Соседи“.
За најдобра режија наградата ја доби Елмазе Нура за преставата ,,Скржавец,, што ја изведе театарот од Урошевац додека наградите за најдобар актер и актерка ги добија Муса Исуфи и Дајана Мина, јавува либертас.мк.
На завршната вечер директорот на фестивалот „Албански театар во Македонија“ Илбер Нуредини истакна дека 18 тото издание на фестивалот се реализирало со подршка на проектот од страна на Министерството за култура , но и со силна подршка на општина дебар, и повеке спонзори.
Тој истакна дека ќе продолжат да се правааат напори Дебарскиот театарски фестивал да се институционализира и Министерството да доделува доволно средства за негова реализација.
Фестивалот го затвори градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој истакна дека самиот факт што секоја вечер салата била преполна со публика, покажа дека Дебар го заслужува овој фестивалот кој цели 18 години по ред на љубителите на театарот им овозможува да просладеат бројни театарски престави.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.