skip to Main Content

Студио 1: Ретроспективна изложба „Грабење на просторот“, дел од програмата на Скопско лето

Студио 1: Ретроспективна изложба „Грабење на просторот“, дел од програмата на Скопско лето
  • 18.06.2019

Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено на 21 јуни и ќе се одржува од 19 јуни до 31 јули на повеќе локации. Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а и оваа година фестивалот е поддржан од  Град Скопје и Министерството за култура.

Во програмата се предвидени концерти, изложби, претстави и мултимедијални проекти, како и програма за најмладите. По тој повод гостин во Студио 1 беше уметникот Глигор Стефанов, кој по триесет години се враќа на македонската сцена со ретроспективната изложба „Грабење на просторот“.

„Кога зборуваме за ретроспективна изложба се мисли дека уметниците ќе ги соберат своите дела кои постојат физички. Во мојот случај не постојат, бидејќи голем дел од нив се од времен карактер, а потоа голем број на дела ми изгореа во пожар во Англија, во Сараево за време на војната. На крај се одлучивме за една ретроспективна изложба на неколку реплики од дела кои се уништени и најголемата инсталација во централниот салон“, рече Стефанов кој детално објасни зошто изложбата е насловена како „Грабење на просторот“ како и за неговото творештво и техниките кои ги користи при создавањето на уметнички дела.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top