skip to Main Content

Со „Пред дождот“ и „Граница“ завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“

Со „Пред дождот“ и „Граница“ завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“
  • 12.10.2018

Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно наследство“ завршува вечер со проекции на „Пред дождот“ во 20 часот во Кинотека на Македонија и „Граница“ на Али Абаси во 22 часот во Кинотека на Македонија).

Оваа програма се реализира надвор од официјалната програма и има за цел преку проекции на овие филмови да поттикне дебата во однос на темите и прашањата кои тие храбро ги отворааат, а се однесуваат на проблемите што се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.

Филмовите од оваа програма одбележаа една етапа од развојот на балканските општества и силно и храбро, преку моќта на универзалниот филмски јазик отворија актуелни болни теми кои ги инхибираа локалните општества каде припаѓаат или од каде потекнуваат авторите но се дел и од поширокиот регионален контекст. Еден од основните вредносни универзални нишки која ги поврзува овие дела е моќта да се воспостави меѓукултурен дијалог и културните и човечките разлики да се претворат во предности.

Целта на оваа програма е преку проекциите на овие филмови да се поттикне дебата по однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отвораат, а кои се однесуваат на проблемите кои се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.

Back To Top