skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Соопштена програмата на 7. „Струмица опен фестивал“

Соопштена програмата на 7. „Струмица опен фестивал“
  • 29.06.2018

Седмиот „Струмица опен фестивал“ ќе се одржува од 10-ти до 19 август, соопштија денеска на прес-конференција организаторите на фестивалот – Здружението „Културно-забавен живот“ заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.

Главни ѕвезди на Фестивалот ќе бидат српските пејачки Лепа Брена и Марија Шерифовиќ, а покрај нив уште ќе настапат Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински, Пата Пата Рекордингс, Виктори бенд, Афишал, Црвена јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ и Астра-ион пројект.

Според Томи Печков од Здружението „Културно-забавен живот“, годинава под мотото „Слушај го срцето“, на „Струмица опен фестивал“ ќе се реализираат над 20 настани, а првиот ќе се одржи на 4 јули со традиционалната трка на келнерите.

– „Струмица опен фестивал“ е манифестација која секоја година вклучува голем број сегменти од културата, со настани од областа на поезијата, сликарството, фотографијата, театарот и филмот. Годинава го претставувае проширениот концепт со кој во Струмица ќе има настани цел лето – од 4 јули до 26 август, рече Печков.

Градоначалникот Јаневски ги соопшти учесниците на трите завршни вечери и истакна дека сите служби на општината ќе бидат максимално ангажирани во деновите на одржувањето на фестивалот.

– За таа цел ќе биде одржана координативна средба, на која ќе ги утврдиме сите мерки на претпазливост кои подоцна ќе ги споделиме со посетителите, рече Јаневски.

Претседателот на Советот на Општината Марјан Даскаловски истакна дека советниците донеле одлука годинашниов „Струмица опен фестивал“ да го поддржат со три милиони денари.

– Со тоа сум убеден дека „Струмица опен фест“ ќе направи уште еден чекор напред во областа на културата, уметноста и забавата, и на тој начин станува вистински струмички бренд во македонски рамки, рече  Даскаловски.

Во оф-програмата организаторот ќе понуди повеќе програмски содржини, меѓу кои највпечатливи се вечерите на поезијата и афоризмите, летната школа за гитара, која ја води Влатко Стефановски, како и полумаратонска трка која првпат ќе се организира.

Back To Top