skip to Main Content

Словенечката група „Лајбах“ по три години повторно со концерт во Скопје

Словенечката група „Лајбах“ по три години повторно со концерт во Скопје
  • 27.03.2018

Еден од навлијателните и најконтроверзните бендови од некогашна Југославија, музичкиот „дел“ од движењето „Ноје словенише кунст“, вечерва со концертот во Младинскиот културен центар, во рамките на фестивалот „Таксират“, ќе го претстави новиот албум „Also Sprach Zarathustra“.

Музиката од новиот албум е компонирана за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“, според најзначајното дело на филозофот на Фридрих Ниче, а која ја режираше Матјаж Бергер во Антон Подбевшек театарот во Ново Место.

Скопскиот концерт е во рамки на европската турнеја за овој албум, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, но и познатиот и популарен репертоар во нов аранжман.

Минатата година „Лајбах“ беше вистинска сензација во светот со нивниот концерт во Пјонг Јанг, главниот град на политички изолираната Северна Кореја под водство на контроверзниот лидер Ким Џонг-Ун.

Back To Top