skip to Main Content

Слика вредна шест милиони евра пронајдена во кујна на старица во Франција

Слика вредна шест милиони евра пронајдена во кујна на старица во Франција
  • 25.09.2019

Слика во вредност од шест милиони евра, изгубено ремек дело на италијански сликар, била пронајдена во домот на една старица недалеку од Париз.

Како што јавува Би-би-си, сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње. Авторот на ова изгубено ремек дело е италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе. Станува збор за сликата „Christ Mocked“ која е дел од серијата слики од крајот на 13. век.

Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.

Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.

„Сликата е насликана од истата рака“, рекол експертот Ерик Рукин.

Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.

Back To Top