skip to Main Content

Светски ден на театарот – разговор во Студио 1 со Симеон Дамевски – Мони

Светски ден на театарот – разговор во Студио 1 со Симеон Дамевски – Мони
  • 27.03.2019

27 март – светски ден на театарот. На оваа тема гостин во отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска и Влатко Чаловски беше актерот Симеон Дамевски – Мони. Дамевски вели дека театарот почнува да заживува, но истакна и дека во последните 20 години главен театар во нашата држава станала политиката.

-Еден период престанав да одам во театар, но во последно време сум пријатно изненаден. Повеќе одев во МНТ, но сега гледав една претстава „Странци“ во Драмскиот театар која многу ми се допадна. Во нашево општество последните 20 години главен театар стана политиката. Нашиот економски и политички живот беше многу несреден и сѐ уште е и сите сакаме да видиме што ќе се случи, дали ќе биде ли подобро. Во годините кога на власт беше една партија која сега не е, не беше возможна главната функција на театарот – да зборува за општеството и неговите промени и да нуди некакви решенија, нагласи Дамевски.

Вели дека смета дека културата за посетување на театар се враќа кај младите.

-Имам чувство дека театрите се полни. Претставите се на повисоко ниво отколку што беа еден период и темите кои ги обработуваат повеќе се однесуваат на нашите сегашни случувања, отколку некои патриотски теми кои апсолутно не се релеватни за тоа сега што се случува, рече Дамевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top