Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Светска премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во Берлин

Светска премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во Берлин
  • 10.02.2019

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска денеска од 16 часот премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во официјална конкуренција за наградата „Златна мечка“.

По 25 години, кога „Пред дождот“ беше во Венеција во 1994-та, македонски филм повторно е во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија.

-На црвениот тепих бевме пред точно 25 години во Венеција. Мислам дека е премногу чакање четврт век за македонската кинематографија повторно да го доживее ова и треба да сме сите заедно горди. Се надевам дека ова ќе му ги отвори вратите на македонскиот филм, тој да биде присутен и за него да се зборува, особено во ова време кога мора да зборуваме за Македонија насекаде. А најдобро тоа го умееме и можеме преку културата, посебно преку филмот, изјави продуцентката и актерка во филмот Лабина Митевска.

Филмот е копродукција на Македонија, Франција, Белгија, Словенија и Хрватска, со вкупен буџет од околу 1,4 милион евра. Агенцијата за филм го поддржа со околу половина милион евра, а финансиски учествуваше и европскиот филмски фонд Еуримаж. Беше сниман во февруари и март минатата година во Штип, постпродукцијата е работена во Франција, Белгија и Словенија.

Филмот раскажува за млада невработена девојка од Штип, која на Водици решава да се фрли по крстот. Но кога успева да го фати, почнуваат и нејзините проблеми затоа што е жена. Насловната улога (Петрунија) ја игра Зорица Нушева.

Новиот филм на сестрите Митевски е интересен по тоа што авторскиот тим  е женски – покрај режисерката Теона, косценарист е Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Вирџин Саинт Мартине, костимографка Моника Лорбер, за шминката е задолжена Мојца Горогранц-Петрушевска, монтажерка е Мари Хелен Дозо, а дизајнер на звук – Ингрид Симон. Братот на сестрите Митевски, Вук Митевски, е сценограф на филмот.

Покрај денешната официјална премиера,  во 11-те фестивалски денови на Берлиналето „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ има уште седум проекции.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top