skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Рускиот „Магичен свет“ најдобар на 9. Мобил филм фестивал

Рускиот „Магичен свет“ најдобар на 9. Мобил филм фестивал
  • 25.11.2018

Наградата „Ратка Илиевска-Лале“ за најдобар филм на 9.Мобил филм фестивал ја доби рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова. За најинвентивен филм
е награден шпанскиот „Сенки на радио на Истокот“ на  Начо Ресио, за најоригинална приказна
награда доби „Чевли“ на Филип Петрески, а ирачкиот филм „Аилан” на Јубраил Абубакер е награден за најдобра идеја.

Четирите филма беа наградени на синоќешното затворање на 9. Мобил филм фестивал во Кинотеката на Македонија. За наградите во четирите категории одлучи жири во состав: Весна Ристовска, режисер, Гораст Цветковски, актер, и Сашо Павловски, продуцент и режисер.

Back To Top