skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Романса во малото гратче“ – роман за предвоените Евреи во Литванија

„Романса во малото гратче“ – роман за предвоените Евреи во Литванија
  • 12.02.2019

„Романса во малото гратче“ – автобиорафскиот роман на Григориј Канович, кој раскажува за мало место во Литванија во пресрет на Втората светска војна, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт медија“. Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов.

-Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата. „Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки, наведува издавачот.

Писателот Канович го преживеал холокаустот и сега тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top