skip to Main Content

Промоција на „Трагачи по парадокси“ во Белград и Темишвар

Промоција на „Трагачи по парадокси“ во Белград и Темишвар
  • 28.10.2018

Книгата „Трагачи по парадокси“ од делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски вчера беше промовирана на Саемот на книгата во Белград и во ромаскиот град Темишвар.

Како што информира Ѓорѓијоски, на промоцијата во Белград присуствуваа дел од авторите кои со свои афоризми се застапени во четвртата книга од едицијата Балканска сатира.

-Навистина за краток период „Трагачи по парадокси“ доживеа промоција на неколку места како во Македонија така и во соседна Србија и Романија. Имавме неповторлива можност да ја промовираме четвртата книга од едицијата Балканска сатира каде со свои афоризми се јавуваат Турхан Расијев, Бугарија, Иван Карадак, Македонија, Валентин Димитров, Бугарија, Љупчо Силјановски, Македонија, Милан Тодоров, Србија, Веселин Зидаров, Бугарија, Валери Бутулеску, Романија, Александар Баљак, Србија, Васил Толевски, Македонија, Зоран Т.Поповиќ, Србија, Миле Ѓорѓијоски, Македонија и Јово Николиќ, Република Српска, информира Ѓорѓијоски.
На Меѓународниот фестивал во Темишвар Ѓорѓијоски учествувал со својот колега Витомир Долински.
„Трагачи по парадокси“, издадена под покровителство на виничкиот Дом на култура, претходно беше промовирана на фестивалот „Ин Виница веритас“
Back To Top