skip to Main Content

Промоција на „Веселата зграда” од Ана Голејшка Џикова и Драш

Промоција на „Веселата зграда” од Ана Голејшка Џикова и Драш
  • 07.10.2019

Во среда (9 октомври) во книжарницата „Литература.мк” на улицата „Македонија”, со почеток во 18.30 часот ќе се одржи промоција на новата книга за деца „Веселата зграда” од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски – Драш.

Сликовницата, која е во издание на „Либи”, дел од „Арс Ламина – публикации” преку веселите стихови на поетесата Голејшка Џикова и разиграните илустрации од графит-артистот Драш, ни раскажува за жителите на една зграда со седум ката. Во неа, кат по кат, нè запознава со: учителката во пензија Ката, Молња и Громче, елекричарот чичко Ват, Јасна, Перо и нивниот мачор Неро, со младиот сликар, магичната Вера, кученцето Луна и семејството гулапчиња.

Промоцијата ќе започне во 18.30 часот со работилница за деца, на тема „Обој ја својата весела зграда”, на која дечињата ќе дадат свое, шарено видување на зградата од приказната на Ана и Драш. Во продолжение ќе следува официјално претставување на книгата со авторката и илустраторот.

Промотор на „Веселата зграда” ќе биде Милан Дамјаноски, доцент по англиска книжевност на Филолошки факултет „Блаже Конески” и рецензент на книгата.

Back To Top