skip to Main Content

Проекција на „Пријателка“ – филм од Кенија за истополова љубов

Проекција на „Пријателка“ – филм од Кенија за истополова љубов
  • 27.06.2019

Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот ќе биде прикажан играниот филм од Кенија – „Пријателка“ (оригинален наслов: „Rafiki“) во режија на Ванури Кахиу, кој раскажува за проблемите со кои се соочуваат геј-луѓето во општество каде истополовата љубов е забранета.

– Филмот раскажува за пријателството и деликатната љубов која се развива меѓу две млади жени, Кена и Зики. Филмот беше забранет за прикажување во сопствената земја, но ги освои срцата на луѓето низ светот и доби бројни пофални критики. Премиерно беше прикажан во програмата „Un Certain Regard“ во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2018 година и е првиот кениски филм прикажан на фестивалот. Досега има освоено десетина награди на повеќе фестивали во светот, соопшти Скопје филм фестивал.

Проекцијата е бесплатна и се организира во рамки на Месецот на гордоста на ЛГБТ-заедницата. Скопје филм фестивал го организира настанот заедно со Млади артивисти за промена, во соработка со Здружението за културен и медиумски актвизам КВИР СКВЕР од Скопје и со финансиска поддршка од Амбасадата на Холандија.

Back To Top